четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ништо не е исто ако не се појави Колинда: Му честиташе на Модриќ, па цела нација зборува за неа и нејзиниот гест (ФОТО)

Ништо не е исто ако не се појави Колинда: Му честиташе на Модриќ, па цела нација зборува за неа и нејзиниот гест (ФОТО)

Лука Модриќ вчера вечерта беше прогласен за најдобар фудбалер во Европа, а честитките за оваа титула стигнуваат од сите страни.

Капитенот на хрватската репрезентација беше прогласен за најдобар фудбалер во Европа откако најголемиот успех го постигна за време на СП во Русија каде играше финале против Франција и беше прогласен за најдобар играч.

По тој повод претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ која се прослави за време на СП во Русија му ја честиташе оваа награда на Модриќ со следните зборови:

„Браво, капитене! Ви честитам на престижната награда, најдобар играч во Европа“, стои во нејзиниот Фејсбук статус.