понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ништо од бизнисот – Алба останува!

Ништо од бизнисот – Алба останува!

Искусниот шпански репрезентативец Жорди Алба ја отфрли можноста да се пресели во Интер и ќе остане во Барселона за да се бори за своето место, покрај Маркос Алонсо (ако дојде) и Балде.

Вакво нешто можеше да се претпостави откако Барселона и Интер без дозвола на Алба ги договориле условите за негов премин во Милано. Левиот бек веднаш ја отфрлил можноста и остана на својот став и покрај се.

Алба игра во Барселона од 2012 година, досега освои еден куп трофеи со каталонскиот клуб, а идното лето ќе може да го напушти бесплатно истекува неговиот актуелен договор.