Компанијата Public Investment Fund вчера официјално го откупи мнозинскиот пакет акции на Фудбалскиот клуб Њукасл од досегашниот сопственик Мајк Ешли.
Се разбира, прва тема со која ќе се занимаваат новите газди е менаџерската позиција на која сега е Стив Брус кој сака да се остане и да докаже дека може да ја води екипата кон врвот на Премиер лигата. Тоа веројатно не го мислат сопствениците бидејќи во јавноста излегоа пет можни кандидати кои треба да го замента Брус.
На прво место е италијанскиот стручњак Антонио Конте кој е без работа откако по завршувањето на минатата сезона го напушти Интер. Наводно, за него се подготвува богата понуда која нема да може да ја одбие. Покрај Конте, со Њукасл се поврзуваат и актуелниот белгиски селектор Роберто Мартинес, потоа Френк Лампард, Еди Хауи и Стив Џерард.