Повратникот во Премиер лигата, Нотингем Форест, донесе во летниот преоден рок 21 фудбалери и со тоа го урна англискиот рекорд според бројот на засилувања.
Досегашниот рекорд го држеше Кристал Палас, кој во летото 2013 година донесе во своите редови 17 фудбалери.
Нотингем Форест овој преоден рок потроши 150 милиони фунти на нови фудбалери.
Најскапото засилување е играчот за врска Морган Гибс – Вајт за кого платија 25 милиони фунти, што е клупски рекорд.