Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ, ќе остане селектор и понатаму откако хрватската куќа на фудбалот најави дека ќе се потпише нов договор со стратегот.
Актуелниот договор на Далиќ е до ЕП 2024 година, но сега ќе му биде понудено да ја води селекцијата до СП 2026 година. Далиќ е селектор на Хрватска од 2017 година, и во неговиот мандат „коцкестите“ играа во завршницата на две светски првенства.
Во Русија во финалето загубија од Франција, додека во Катар беа елиминирани во полуфиналето од Аргентина, и го освоија третото место.