сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нов кикс на Франција, Хрватска се враќа со три бода од Словачка

Нов кикс на Франција, Хрватска се враќа со три бода од Словачка

Вечерва Украинците беа домаќини на Французите и успеаја да одиграат 1:1 со големиот фаворит на хартија.

Домашниот тим поведе со голот на Шапаренко во финишот на првото полувреме, но Марсијал погоди за конечни 1:1 на почетокот на второто полувреме.

Французите се на врвот со девет бода, Финска и Украина имаат по пет, а БиХ има два бода, но по само три одиграни натпревари. Франција и Украина одиграа по пет натпревари.

Хрватска стигна до многу важна победа во Словачка со голот на Брозовиќ во 86. минута. Русија и Хрватска се израмнети на првото место во групата Х со по 10 бода.

Холандија ја победи Црна Гора и славеше убедливо со 4:0 со двата гола на Депај, а по еден постигнаа Вајналдум и Гакпо. Сигурна беше и Турција, која славеше со 3-0 во Гибралтар.

Шкотите ги победија Молдавците со гол на Дајкс, додека Данска славеше доста тешко, со резултат 1:0 и со играч повеќе, на гости кај Фарските Острови. Најефикасен натпревар одиграа Израел и Австрија, а домаќинот славеше со 5:2.