недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нов пораз на Шалке во Бундеслигата

Нов пораз на Шалке во Бундеслигата

Шалке ја продолжи серијата без триумф, откако загуби на домашен терен од Арминија Билефилд со 1:0, во рамки на 14. коло во Бундеслигата

Тимот од Гелзенкирхен попладнево од клупата го водеше Хуб Стевенс, кој вчера беше назначен за наследник Мануел Баум, но тренерската смена остана без ефект и серијата без победа на Шалке се продолжи на 29. натпревари.

Бундеслига – 13. коло:

Шалке – Арминија Билефилд 0:1, Аугсбург – Ајнтрахт Франкфурт 0:2, Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм 1:2, Мајнц – Вердер Бремен 0:1, Лајпциг – Келн 0:0. (МИА)