Џејдон Санчо нема да биде дел од репрезентацијата на Англија за мечевите против Андора утре, и Полска во среда.
Aнглиските медиуми пренесуваат дека Џејдон Санчо поради повреда го напуштил тренинг кампот на репрезентацијата.
Тежината на повредата не е позната, но од Англија се тврди дека ќе ги пропушти натпреварите со Андора и Полска во квалификациите за Светското првество во Катар во 2022 година.
Не треба да се заборави дека пристигна и Кристијано Роналдо во Јунајтед, па без оглед на тоа за каков тип на повреда станува збор, Оле Гунар Солскјер ќе има решенија за евентуална замена на Санчо.