Холандија утре од 21 часот ја отвора својата група на Европското првенство против репрезентацијата на Украина. Само ден пред мечот селекторот на Холандија во големи проблеми.
Одамна се знаеше дека не може да смета на Вирџил Ван Дајк, кој пред неколку месеци тешко се повреди. Потоа пред неколку дена поради повреда отпадна и Дони Ван Де Бек, а денеска стигна нова загрижувачка вест. Поради повреда барем во првиот меч, Де Бур нема да може да смета на Матајс Де Лихт. Стоперот на Јувентус на тренинг го истегнал мускулот.
Според првите проценки, Де Лихт сигурно нема да игра против Романија, а во прашање е доведен настапот и во останатите натпревари. Инаку, Холанија е во група со Македонија, а ние против нив играме во последното коло.