Не минаа ниту цели три седмици од срцевиот удар што го преживеа Икер Касилјас, а шпанскиот голман и неговото семејство се соочија со нов шок – сопругата Сара Карбонеро експресно била оперирана откако и бил дијагностициран канцер.
Информацијата ја обелодени самата Сара, пишувајќи подолг пост на својот инстаграм-профил.
„Се уште се немавме опоравено од стравот, а животот повторно донесе изненадување. Овојпат преку мене, зборот од шест букви што се уште се мачам да го напишам. Пред неколку дена бев на преглед и докторот ми откри малиген тумор. Веднаш бев оперирана, хируршкиот зафат мина многу добро и за среќа болеста беше забележана во рана фаза. Се уште ме очекуваат неколку месеци борба, продолжувам со третманите и убедена сум дека се ќе се заврши добро, дека ќе има хепиенд. Сметам на поддршката од семејството и пријателите и фантастичниот медицински тим“ – напиша Сара Карбонеро.