недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нова луда понуда: Ал Итихад нуди рекордна сума на пари за да го добие Салах

Нова луда понуда: Ал Итихад нуди рекордна сума на пари за да го добие Салах

Мохамед Салах веќе со години е еден од клучните играчи на премиерлигашот Ливерпул, па менаџерот Јирген Клоп не сака да чуе за негово заминува по никоја цена.

Офанзивецот е на мета на тимовите од Саудиска Арабија кои не сакаат да слушнат за „НЕ“, поточно изгледа до нив не допираат зборовите на Клоп, управата, пораките на самите играчи дека Мо е среќен и сака да остане на „Енфилд Роуд“.

„Сан“ пренесува дека АлИтихад е подготвен да го надмине рекордот за трансфери кој во моментов го држи Нејмар со неговата преселба во ПСЖ за 222 милиони евра.

Ал Итихад ќе понуди пакет кој ќе стигне до 215 милиони фунти, фиксни 170 милиони фунти кои лесно можат да отидат нагоре со остварување на бонуси.

Египќанецот исто така би заработил огрома сума па пари, 2,45 милони фунти неделно, плус би имал проценти од продажба на дресови, дополнителен бонус, но и амбасадорска улога за три големи компании од Саудиска Арабија.