По неколку часовна мистерија околу тоа дали беше веродостоен твитот на Икер Касилјас за неговата сексуална ориентација – сега е разјаснето.
Откако пред неколку часа Касилјас на својот Твитер профил напиша дека припаѓа на ЛЏБТ заедницата, односно дека е геј, веднаш почна бура од коментари на социјалните мрежи.
Но првично работата била друга, неговиот профил бил хакиран и од кога било пријавено на органите, по неколку часа, профилот бил вратен во сопственост на шпанскиот голман, кој подоцна и се јави за да ја одгатне длемата.
„Профилот беше хакиран, за среќа сега е се во ред. Се извинувам на фановите, но и на ЛЏБТ заедницата“, порача Икер Касилјас.
Cuenta hackeada. Por suerte todo en orden. Disculpas a todos mis followers. Y por supuesto, más disculpas a la comunidad LGTB. 🙏
— Iker Casillas (@IkerCasillas) October 9, 2022