четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нова сезона, стар проблем за Куман, не знае дали ќе го има Меси!

Нова сезона, стар проблем за Куман, не знае дали ќе го има Меси!

Исто како и минатото лето, Роналд Куман и сега не знае дали во следната сезона ќе го има Лионел Меси во својот тим, неизвесноста околу неговото продолжување на договорот се уште трае.

Барселона бара начин како да го продолжи договорот на Лео Меси, проблем создава ограничувањето на парите за плати кои може да ги потроши еден клуб.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Меси по освојувањето на Копа Америка заминал на тринеделен одмор со својата фамилија.

Додека Лео се одмора по напорната сезона која ја заврши со историски успех за себе, Барселона треба да направи простор за неговиот богат договор.

Тие се обидуваат да продадат дел од фудбалерите кои додбиваат големи плати како Кутињо, Дембеле, Гризман… но проблем е што нема купувач кој би им понудил сличен договор со оној кој го имаат во Барселона.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта уверува дека ситуацијата е под контрола и само прашање на време е кога ќе биде продолжен договорот на Лео Меси.

Какви и да се зборовите на Лапорта, стои фактот дека Меси во моментов не е фудбалер на Барселона, за првпат откако е во клубот тој нема договор со Каталонците и неговата иднина е неизвесна.

Роналд Куман ќе ги почне подготовките со недефиниран тим, Холанѓанецот не знае кои од играчите ќе му бидат продадени и дали ситуацијата со Меси ќе заврши така како што ветува Лапорта.