четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Нова убедлива победа за македонските фудбалерки на квалификацискиот турнир во Скопје

Нова убедлива победа за македонските фудбалерки на квалификацискиот турнир во Скопје

Македонската репрезентација составена од фудбалерки до 19 години забележа нова убедлива победа на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство што се одржува во Скопје.

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, попладнево во 2. коло беше надиграна селекцијата на Гибралтар и беше издвојувана нова убедлива победа со 3:0. Избраничките на селекторот Астрит Мерко сосема заслужено ја остварија втората победа од два одиграни натпревари на овој квалификациски турнир.

Панеска рано во 11. минута го отвори резултатот на денешната средба. Села во 22. минута го зголеми водство на Македонија и ја навести новата победа. Во продолжението од мечот, поточно во 48. минута, Панеска погоди уште еднаш, за убедливи и конечни 3:0.

Во претходното коло, „црвено-жолтите“ ја победија Грузија со 4:0.

Астрит Мерко на денешниот натпревар против Гибралтар по јубилеен 100-ти пат ја водеше репрезентацијата до 19 години. зс/