среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Нови „бомби“ од Перез: Гути е морон, а Фиго ни ја уништи екипата!

Нови „бомби“ од Перез: Гути е морон, а Фиго ни ја уништи екипата!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и понатаму е во центарот на вниманието на светската јавност, откако продолжи објавувањето на неговите тајно снимени разговори во кои ги навредува фудбалерите и тренерите на „кралевите“.

Во последно објавените „бомби“, тој ги напаѓа поранешните ѕвезди на овој тим, Гути и Фиго.

„Шокиран сум колку Калдерон се излажа со Гути и тоа само затоа што овој одигра два добри меча. Гути е морон. Тој е како коза, самиот себе си е најголем непријател“, вели Перес во едната снимка

Од навредите на Перез не биле поштедени ниту најголемите ѕвезди, па ни Луис Фиго, кој беше прогласен за најголем предавник на Барселона, откако реши директно од редовите на каталонскиот гигант да потпише за Реал Мадрид. Откако во 2006 година си замина од Реал, Перес го обвини токму Португалецот.

„Фиго е тој кој ја зае*а екипата. Најдобар беше Зидан, тука нема дилеми. Фиго беше кучкин син, исто како што беше и Раул. Тие двајца беа најлошите во екипата“, се слуша како вели Перез.

Аудио снимките ги објавува новинар на „Ел Конфедентиал“, кој пред да почне со тоа се обидел да ја уцени управата на Реал Мадрид за сума од 10 милиони евра.