недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нови детали за скандалот со Погба, се допингувал со интегратор за витамини?

Нови детали за скандалот со Погба, се допингувал со интегратор за витамини?

Се појавија нови детали од скандалот со допингувањето на францускиот репрезентативец и член на Јувентус, Пол Погба. Сѐ уште не е јасно каква ќе биде реакцијата на анти-допинг Комисијата при Европската фудбалска унија (УЕФА), но било која одлука сигурно нема да да биде во корист на Французинот.

Агентот на фудбалерот изјави дека Погба никогаш не би си дозволил да користи недозволени супстанци и најверојатно се работи за суплемент во исхраната кој играчот го користел за време на турнејата во Соединетите Американски Држави. Медиумите пишуваат дека фудбалерот користел „интегратор на витамини“, кој му бил препорачан од близок семеен пријател.

Докторите на Јувентус се оградија од било каква вмешаност и изјавија дека не постои можност за систематски допинг во нивниот тим. Тие се исто така револтирани што Погба го послушал пријателот кој е доктор по професија и не смеел без консултација со нив да ги зема витамините. На самото пакување има предупредување дека овој интегратор може да предизвика и несакани последици.

Пол Погба во моментов е суспендиран од Јувентус, а одлуката за понатамошните постапки се очекува во следниве денови. Едно е сигурно, францускиот ас е во огромни проблеми и може да заработи долгогодишна забрана за настап во било кое фудбалско натпреварување. Неговите адвокати најавија дека ќе поднесат жалба, па сигурно овој процес допрва ќе почне да се „расплетува“.