сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нови лоши вести од Италија: Влошена здравствената состојба на Џанлука Виали

Нови лоши вести од Италија: Влошена здравствената состојба на Џанлука Виали

Во текот на вчерашниот ден беше погребан легендарниот српски стратег, Синиша Михајловиќ кој голем дел од својот живот помина во Италија. Утрово повторно пристигнуваат лоши вести од „Чизмата“.

Според информациите на италијанските медими поранешниот репрезентативец на Италија кој го носеше дресот на Сампдорија, Јувентус и Челси, Џанлука Виали е во лоша здравствена состојба.

Изминатите години Виали работеше како тренер, а во 2017 година му беше откриен рак на панкреасот и сега состојбата му се влошила.

По три години борба Виали ја доби првата битка, меѓутоа ситуацијата сега повторно се искомплицирала и докторите го советувале да се фокусира на новите третмани. Виали ги послуша советите и токму поради тоа се повлече од функцијата која ја имаше во националниот тим на Италија.