петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Новиот босански селектор го сака и Врањеш, но законот не го дозволува тоа, а ова се причините

Новиот босански селектор го сака и Врањеш, но законот не го дозволува тоа, а ова се причините

Душан Баевиќ, кој најверојатно ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, планира во тимот да врати тројца „отпишани“, но тоа нема да оди така лесно.

Баевиќ планира да ги повика Асмир Беговиќ, Сенад Лулиќ и Огњен Врањеш.

Голманот Беговиќ можеби и ќе успее да го убеди повторно да брани за БиХ, додека Лулиќ неколку пати кажа дека ја завршил репрезентативната кариера. Најкомпликувана е ситуацијата со Врањеш, кој и правно гледано не може да игра.

Врањеш ако се појави таму, ќе биде уапсен поради прекршување на Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортски настани. Проблематичниот дефанзивец има спорна тетоважа со ликот на четнички лидер, а вратата на репрезентацијата му беше затворена после аферата со пејачката Јелена Карлеуша.