Легендарниот Диего Марадона очигледно не може без контроверзи. Тој не издржа по победничкиот гол на Маркус Рохо (1-2), кој ја одведе Аргентина во осминафиналето, а да не се израдува на нему својствен начин. Во тотално невкусен манир за сцена толку голема колку што е Мундијалот, тој пред очите на светската јавност им покажа среден прст на Нигеријците.
Интерено е тоа што пред почетокот на мечот Марадона беше далеку попријателски расположен кон навивачите на противниците на Аргентина, па дури со една од нигериските навивачки танцуваше на трибината.
You wouldn’t think this is arguably Argentina’s biggest game of the season, Maradona’s dancing with fans ? #WorldCup pic.twitter.com/58Jzttlda3
— Utd (@SimplyUtd) June 26, 2018