петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ново шоу на Марадона: Пред почетокот на мечот танцуваше со Нигеријка, по голот на Рохо им покажа среден прст на Нигеријците (ВИДЕО)

Ново шоу на Марадона: Пред почетокот на мечот танцуваше со Нигеријка, по голот на Рохо им покажа среден прст на Нигеријците (ВИДЕО)

Легендарниот Диего Марадона очигледно не може без контроверзи. Тој не издржа по победничкиот гол на Маркус Рохо (1-2), кој ја одведе Аргентина во осминафиналето, а да не се израдува на нему својствен начин. Во тотално невкусен манир за сцена толку голема колку што е Мундијалот, тој пред очите на светската јавност им покажа среден прст на Нигеријците.

Интерено е тоа што пред почетокот на мечот Марадона беше далеку попријателски расположен кон навивачите на противниците на Аргентина, па дури со една од нигериските навивачки танцуваше на трибината.