Англискиот фудбалски клуб Њукасл продолжува да го засилува тимот за следната сезона. По зделката за Сандро Тонали од Милан, Еди Хау го доби и бараното засилување на левата крилна позиција.
Иако се споменуваше дури Квича Кварацкелија од Наполи, „страчките“ се решија за поефтина варијанта и го купија Харви Барнс.
Левокрилниот фудбалер за сума од 44 милиони евра се сели од Лестер Сити. Барнс веќе пристигна во клупските простории и стави потпис на петгодишен договор.