Тимот на Њукасл ја продолжи серијата без пораз во Премиер лигата која трае 14 натпревари. Избраниците на Еди Хау попладнево го совладаа Фулам (1:0) во натпревар од 20. коло на Англиското фудбалско првенство.
Четиринаесеттиот последователен натпревар без пораз во првенството е повторување на рекордот на Њукасл во Премиер лигата.
Ваквата серија е и моментално најдобрата серија меѓу сите екипи кои играат во топ 5 лигите во Европа.
Последен пат Њукасл загуби во Премиер лигата на 31 август од Ливерпул (1:2). Оттогаш имаат 9 победи и 5 нерешени. (МИА)