понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нуњес го сруши клупскиот трансфер-рекорд на Волвс

Нуњес го сруши клупскиот трансфер-рекорд на Волвс

Премиерлигашот Вулверхемптон објави за трансфер на Матеус Нуњес од Спортинг. Со 45+5 милиони евра поставен е нов рекорден трансфер во историјата на англискиот клуб.

Волвс успеа да го убеди досегашниот фудбалер на Спортинг од Лисабон на петгодишен договор.

Договорот на 23-годишниот Португалец вклучува опција за продолжување на уште една сезона.

Според прес-службата на Волвс, овој трансфер е рекорден во историјата на клубот. Нуњес минатата сезона забележа 50 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и пет асистенции.