Пјер Емерик Обамејанг денеска не се појави во тимот на Арсенал на дуелот со Саутемптон, откако Микел Артета реши да го отстрани капитенот од екипата по покажаната недисциплина во изминатите денови.
Габонскиот напаѓач се наоѓа во слаба форма, а дополнително ги фрустрира тренерот и соиграчите со своето oднесување, со кое очигледно ја мина границата кај Артета.
„Мислам дека во клубот сме многу јасно дека некои работи се недозволени и за нив не треба да има никаква дискусија. Затоа, Обамејанг не беше дел од тимот денеска“, изјави Артета.