Лондонски Арсенал му ја отвори излезната врата на Пјер Обамејанг, кој слободно може да си бара нов клуб во зимскиот преоден рок.
За Африканецот има сериозен интерес од најбогатиот клуб на светот Њукасл кој се обидува да доведе врвен голгетер во своите редови.
Од Њукасл нема да штедат пари за платата на Обамејанг кој во моментов се наоѓа на подготовки со својата селекција пред почетокот на африканскиот Куп на нациите.
Интерес за Обамејанг има и од други европски клубови, но тој е спреме да ја прифати понудата на Њукасл.