среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Обезбедувањето фати навивач облечен како судија што сакаше да влезе на терен, па тој им делеше жолти картони (ВИДЕО)

Обезбедувањето фати навивач облечен како судија што сакаше да влезе на терен, па тој им делеше жолти картони (ВИДЕО)

Еден навивач облечен како судија имаше неуспешен обид да влезе во теренот на мечот меѓу Јувентус и Џенова, но направи шоу крај трибината.

Редарите на Јувентус реагираа брзо и го фатија навивачот кој сакаше да влезе на теренот. Тој им покажа по некој жолт картон, а потоа од обезбедувањето беше исфрлен од стадионот.

Навивачот кој сакаше да влезе на теренот се вика Паоло Сфорца и тој преку социјалните медиуми својот гест го правда велејќи дека тоа го прави за да собере пари за хуманитарни цели и свесност откако новинарката Грета Бекаља беше сексуално вознемирена по мечот меѓу Емполи и Фиорентина минатото коло.