Обвинителството во Ница отвори официјална истрага против актуелниот тренер на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, екс-тренерот на Ница поради верска и расна дискриминација, откако познат новинар пред два дена објави скандалозни изјави на стратегот додека го тренирал тимот од аѕурниот брег.
Галтие во скандалозните изјави се жалел на клупското раководство дека „тимот му е полн црнци и муслимани и дека не сака да работи со таков тим“.
Во неколкуте изјави што излегоа на виделина, една е и на неговиот син, кој му е менаџер, во која вели дека „неговиот татко не може да работи со тим во кој пола играчи се црнци, а другата половина попладне дремат во џамија“.
Се очекува наскоро обвинителството да излезе во јавност со одлука за обвинение против тренерот на ПСЖ и со тоа каква казна ќе бара од судот.