четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Од неговиот шеснаесетник право во противничката мрежа

Од неговиот шеснаесетник право во противничката мрежа

Во натпреварот од 9. коло од втората португалска лига, Мореиренсе го победи Феиренсе на гости со 2:1. Водечкиот тим во лигата со оваа победа ја зголеми предноста во однос на конкурентите.

Натпреварот го обележа голот на голманот на домашниот тим, Артур да Силва Аугусто . Бразилецот стана интернет сензација откако во 69.минута погоди од гол на гол.

Артур од пред својот гол испрати долга топка кон голот на Мореиренсе, топката доби забрзување кога ја допре влажната подолга, незгодно отскокна и заврши во голот.

Радоста на домашните траеше само две минути, бидејќи во 71.минута Апарисио Педро погоди за победа на Мореиренсе.