Фудбалерите на Динамо од Загреб се пласираа во нокаут фазата од Лигата на Европа, а овој историски успех на клубот од Максимир се славеше со српска народна музика.
После скоро половина век, односно 49.години од постоењето, загрепски Динамо се избор за европска пролет. Откако убедливо го победија тимот на Спартак од Трнава (4:1), „модрите” можеа да почнат со славењето.
На репертоарот во соблекувалната беше српската народна музика, а хитот на Митар Милиќ „Не може нам нико ништа“ која му е омилена песна на Здравко Мамиќ буквално ечеше на секаде.
Некои фудбалери заиграа и оро, а атмосферата се вжешти кога беше пуштена песната од Синан Сакиќ „Трезан“.
Фудбалерите и членовите на стручниот штаб во делириум пееја и прославуваа за историскиот успех на клубот од Загреб, погледнете.