сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Од овие зборови фудбалскиот свет остана во неверување: Тренерот кој доби отказ после победа од 27:0, не гледа вина кај себе

Од овие зборови фудбалскиот свет остана во неверување: Тренерот кој доби отказ после победа од 27:0, не гледа вина кај себе

Веста дека тренерот на италијанскиот младински фудбалски тим Инвиктисауро, бил избркан после победа од 27:0, ги изненади сите до кои дојде информацијата.

Тренерот Масимилијано Ричини, вели дека според него резултатот не е во спротивност со вредностите на младинскиот фудбал.

-Што требаше да направам? Да барам од моите играчи да му попуштат на противникот и да му дозволат да ни даде гол? Ќе беше поголема срамота ако само си додававме и ја чувавме топката. На полувреме го прашав тренерот на Марина Калчо дали сака да го прекинеме мечот. Тој ме замоли да продолжиме, изјави Ричини, кој верува оти родителите ќе го убедат претседателот да ја повлече одлуката.