Еден од најголемите трансфери во зимскиот преоден рок ќе се случи на релаација ПСЖ-Манчестер Јунајтед, тврди француски Канал Плус.
Двата клуба наводно се многу блиску до договор, Лукас Моура за 25 милиони евра да стане дел од „Црвените ѓаволи“.
По доаѓањето на Нејмар и Мбапе во ПСЖ, Бразилецот нема голема минутажа и сака да го напушти клубот.
Според Канал Плус играчот треба уште да ги договори личните услови пред да го официјализира трансферот.