Македонската фудбалска репрезентација во следниот период ќе одигра три квалификациски натпревари за СП 2022 од кои два на домашен терен.
Во Скопје играме со Ерменија на 2 септември, а со Романија на 8 септември. Меѓу тие натпревари гостуваме на Исланд на 5 септември.
И покрај тоа што Владата дозволи 50% исполнетост на спортските арени и со посебни протоколи и правила за присуство, сепак, од Фудбалската федерација на Македонија одлучиле да пуштат во продажба по 3000 билети за натпреварите со Ерменија и со Романија.
Инаку цената на влезниците изнесува по 300 денари за натпревар, а можат да се купат преку продажната мрежа на МК Tickets.