Манчестер јунајтед ги започна преговорите со Барселона за Френки де Јонг. Клубот од „Олд Трафорд“ испрати понуда,која Каталонците ја одбиле без размислување.
Како што пренесуваат шпанските и британските медиуми од „Олд Трафорд“, понудиле веднаш 60 милиони евра, плус уште 10 милиони евра во зависност од постигнатите резултати и игрите на холандскиот фудбалер.
Според овие извори Барселона нема да прифати помала сума од 100 милиони евра за Де Јонг.
„Мундо Депортиво“, тврди дека поради долгот што го има кон Ајакс, Барселона ја бара оваа сума од Манчестер јунајтед. Пред три години трансферот на Де Јонг од Ајакс во Барселона изнесуваше 75 милиони евра. Според овој извор, Барса на Ајакс му должи помеѓу 35 и 40 милионие вра.