понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Одбиено барањето на Алвес да биде пуштен од затвор со кауција

Одбиено барањето на Алвес да биде пуштен од затвор со кауција

Бразилскиот фудбалер Дани Алвес останува во затвор откако шпанскиот суд одби уште едно барање на неговите адвокати да плати кауција и да биде пуштен да се брани од слобода додека трае истрагата за обвинувањата за сексуален напад.

Алвес во барањето за пуштање со кауција порача дека е подготвен да ги прифати сите мерки наметнати од судот, како што се предавање на пасошот и носење на уред за следење, но судот во Барселона смета дека е голем ризикот дека фудбалерот ќе избега од државата и поради тоа го одби неговото барање.

Адвокатите на Алвес притоа се обидоа да го дискредитираат сведочењето на наводната жртва со прикажување снимки од камерата на кои се гледаат Алвес и жртвата како флертуваат еден со друг.

Но, судијата одлучи дека флертот „во никој случај не треба да претставува оправдување за евентуален сексуален напад“.

Дани Алвес беше уапсен во јануари годинава, откако беше обвинет за сексуален напад на една девојка во ноќен клуб во Барселона на 30 декември. Фудбалерот ги негираше обвинувањата.

Сè уште не е одреден датумот на почетокот на судскиот процес и дотогаш Алвес ќе остане во затвор.