петок, 29. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Одегард е пред кам-бек во редовите на Арсенал

Одегард е пред кам-бек во редовите на Арсенал

Реал Мадрид не смета на Мартин Одегард во новата сезона и е подготвен да го продаде фудбалерот во Арсенал.

Норвежанецот играше лани во дресот на „топчиите“ и го импресионираше Микел Артета. Фудбалерот сакаше да се докаже кај Карло Анчелоти летово и да се избори за место во тимот на Реал, но очигледно не направи доволно да остане.

Според информациите во англиските медиуми, Арсенал сега ќе го откупи Одегард, а обештетувањето ќе биде договорено во текот на денот. Одегард веќе ги договорил личните услови со „топчиите“ на кои очајно им треба квалитетен плејмејкер.