четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Одегард: Конечно сум среќен во Арсенал, додека во Реал работите беа поинакви

Одегард: Конечно сум среќен во Арсенал, додека во Реал работите беа поинакви

Младиот Мартин Одегард, откако и официјално стана фудбалер на Арсенал, се осврна на периодот поминат во Реал Мадрид.

Тој беше маргинализиран во Реал, не добиваше многу шанси за настапи, па реши да си пронајде нова средина, која на крајот ја најде во Арсенал.

„Во Реал Мадрид имав доста тешки моменти, таму е тешко да најдеш добри пријатели, со сите тие големи фудбалери, посебно ако си млад и доаѓаш од сосема различна средина. Таму бев осамен, живеев сам, но би сакал да кажам дека на некој начин тоа направи да бидам поцврст“.

„Тренинзите со Кристијано Роналдо и Серхио Рамос таму направија да научам многу работи за фудбалот, сеќавања кои секогаш ќе бидат дел од моето срце. Сега сум играч на Арсенал и конечно сум среќен“, истакна Одегард.