петок, 29. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Одегард се враќа во Арсенал

Одегард се враќа во Арсенал

Арсенал и Реал Мадрид се во напредни преговори за трансфер на Мартин Одегард, пренесуваат шпанските медиуми.

Одегард последните шест месеци ги помина во Арсенал, каде имаше голема минутажа и покажа солидни партии.

Норвежанецот се врати во Реал Мадрид, но очигледно за него нема место во тимот на Анчелоти, па „кралевите“ се спремни да го продадат.

Арсенал е спремен да плати 40 милиони евра за неговиот потпис, сума која ги задоволува финансиските апетити на Реал Мадрид.

Се очекува во следните денови трансферот да биде комплетиран, а Одегард ќе стави потпис на договор со „топџиите“ до 2026 година.