Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми не е сериозно повреден, пишуваат хрватските медиуми.
Во финишот од вчерашниот меч против лондонски Тотенхем, Адеми го напушти теренот поради повреда. Се чекаа деталните прегледи за да се види за каква повреда станува збор, а тие донесоа добри вести.
Од таборот на Динамо Загреб соопштиле дека станува збор само за удар и моментална болка на Адеми и дека нема ништо посериозно.