Гласањето за утврдување на најдобриот фудбалер на годината во Англија е одложено поради пандемијата од коронавирус, објави „Тајмс“.
Според публикацијата, постои можност за прв пат од 1973 година да нема победник во рангирањето.
Минатата сезона дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк беше избран за најдобар играч во земјата.
Првенството во Англија беше суспендирано во март и не се очекува да биде обновено барем до крајот на април.