Барселона официјално објави дека ја продолжуваат соработката со тренерот Ернесто Валверде до летото 2020 година. Во договорот има клаузула за неговото продолжување за уште една сезона до 30 јуни 2021 година. Од клубот јаобјавија веста во раните утрински часови денес, откако постигнаа договор со тренерот и ја активираа клаузулата која беше запишана во неговиот актуелен договор.
– Барселона и тренерот на првиот тим постигнаа договор за продолжување на соработката за една сезона (2019/2020) со можност за продолжување за уште една (2021), се вели во официјалното соопштение на клубот.
Ернесто Валверде ќе го стави официјално својот потпис под нов договор денес, а пресконференцијата на тренерот е предвидена за денеска е од 17 часот.
Во првата година на чело на Барселона, Валверде го изведе тимот до „дубл“, откако каталонците ја освоија шампионската титула во Ла Лига и Купот на Шпанија.
Ернесто Валверде има 96 натпревари на чело на Барселона.
Во оваа сезона каталонците се лидери во Примера дивизион, ќе играат во осминафиналето на Лигата на шампионите против Олимпик Лион и исто така се во полуфиналето за Купот, каде играат против Реал Мадрид.
МИА