Напаѓачот на Челзи, Мичу Батшуај е нов фудбалер на Валенсија, каде следната година ќе игра на позајмица, објави официјално тимот од Лондон. Тоа значи дека шпанскиот тим го доби напаѓачот кој е популарен по социјалните мрежи поради тоа што го обожава Бетмен и Сунѓерот Боб.
Заминувањето на Батшуај значи дека новиот менаџер на Челзи, Маурицио Сари од наредната сезона ќе ги има во нападот Алваро Мората, Оливие Жиру и Тами Абрахам.
И покрај тоа што списокот во нападот не е којзнае каков, Челзи не одлучи да му пружи шанса на Белгиецот, иако неговите настапи додека беше дел од Дортмунд шест месеци мината сезона, беа одлични.