Поранешниот капитен на екипата, Бобан Грнчаров е нов член на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Вардар.
Грнчаров како фудбалер на Вардар има преку 100 настапи за првиот тим, а беше член и на генерацијата која што за првпат настапи во групната фаза на Лигата на Европа.
Скопските „црвено-црни“ му посакаа добредојде на Грне кој пред себе ќе има задача заедно со главниот тренер Никола Глигоров и останатиот дел од стручниот штаб да го вратат клубот во Првата лига.
Во зимскиот преоден рок Вардар ангажираше пет нови играчи, Бенјамин Демир, Филип Гачевски, Дарко Мицевски, Ване Јованов и повратникот од позајмицата во Осогово, Иван Мицевски.
Моментно на табелата во Втората лига – Запад Вардар е на третата позиција со 30 бодови, зад водечките Силекс (42) и Воска Спорт (35).
Во следното коло фудбалерите на Глигоров за три дена на домашен терен ќе играат против четвртопласираниот Тетекс (24).