недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Официјално – Буфон потпиша нов договор и ќе игра до 46 години!

Официјално – Буфон потпиша нов договор и ќе игра до 46 години!

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон го продолжи договорот со Парма до 2024 соопштено е денеска.

Искусниот чувар на мрежата кој беше светски првак со Италија во 2006 година и има освоено уште еден куп други трофеи, пред се во домашни рамки кои ги освои со Јувентус, потпиша соработка со Парма на уште две години. Тоа значи дека на терените ќе биде до 46 години.

Буфон од минатата година по втор пат е голман на Парма каде пристигна од Јувентус, каде пак го помина најголемиот дел од својата кариера. Имаше краток излет во ПСЖ, а потоа се врати во Торино.

И покрај тоа што има 44 години, со своите бравурозни интервенции тој успева да ја спасува Парма во Серија Б.