сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Официјално: Џеко и Думфрис се нови играчи на Интер

Официјално: Џеко и Думфрис се нови играчи на Интер

Интер синоќа промовираше две нови засилувања, Един Џеко и Дензел Думфрис.

Џеко синоќа даде гол на пријателскиот натпревар меѓу Интер и Динамо Киев кој заврши 3-0, а дури потоа стигна потврдата од Интер за неговиот трансфер.

Џеко потпиша двегодишен договор со Интер вреден 5 милиони евра по сезона.

Рома за трансферот ќе добие 1,5 милиони евра, но само ако Интер се пласира следната сезона во Лигата на шампионите. Во спротивно Интер нема да плати обесштетување на Рома.

„Интер сака да потврди дека Џеко е нов фудбалер на нероазурите. Босанецот доаѓа од Рома и потпиша договор со клубот до 30 јуни 2023“, стои во соопштението на Интер.

Интер синоќа ја презентираше и замената за Хакими, Дензел Думфрис кој доаѓа од ПСВ Ајндховен.

Интер за овој трансфер плати 12,5 милиони евра плус 2,5 милиони евра во бонуси. Холанѓанецот потпиша четиригодишен договор.

„Интер може да го потврди потпишувањето на Дензел Думфрис. 25 годишниот Холанѓанец кој доаѓа од ПСВ потпиша договор со трајност до 30. јуни 2025“, се вели во соопштението на Интер.