Манчестер Јунајтед потврди дека Кристијан Ериксен е нов член на клубот и потпиша договор до 2025 година.
Данецот се раздели со Брентфорд и одлучи да продолжи во Премиер лигата. Во новата екипа ќе има можност да соработува со Ерик Тен Хаг.
„Манчестер Јунајтед е посебен клуб и едвај чекам да започнам. Многупати ја имав привилегијата да играм на „Олд Трафорд“, но да го направам тоа во црвениот дрес на Јунајтед ќе биде неверојатно чувство“, изјави играчот за врска.
30-годишникот претходно играше за Ајакс, Тотенхем, Интер и Брентфорд.
Christian Eriksen is a RED! ✍️🔴#MUFC || @ChrisEriksen8
— Manchester United (@ManUtd) July 15, 2022