петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Филип Гачевски се врати меѓу стативите на ФК Вардар!

ОФИЦИЈАЛНО: Филип Гачевски се врати меѓу стативите на ФК Вардар!

Екипата на ФК Вардар договори големо засилување за следниот дел од сезоната и потпиша договор со чуварот на мрежата Филип Гачевски.

Играчот кој има 31 година до пред извесен период беше капитен на „црвено-црните“ се враќа во колективот како слободен, откако претходно го напушти кипарски Енозис. За Гачевски ова ќе биде втора авантура во клубот, затоа што за вардарци настапуваше од 2015 до 2020 година.

„Огромна чест, задоволство и мотив ми претставува враќањето во Вардар. Цврсто верувам во овој нов проект на клубот и доаѓам со цел да помогнам што поскоро да се вратиме на местото кое ни припаѓа, во самиот врв на Македонскиот фудбал. Посебна благодарност до управата на клубот, до сопственикот Слободан Крстевски и спортскиот директор Александар Бајевски со кои лесно најдовме заеднички јазик, цели и амбиции. Со нетрпение го очекувам продолжетокот на првенството повторно да заиграм пред пред најдобрите навивачи Комити“, изјави Филип Гачевски.

Гачевски и Вардар потпишаа тригодишен договор. Повратникот меѓу стативите ќе го носи дресот со број 51. Искусниот чувар на мрежата покрај за Енозис и Вардар во кариерата бранеше и за Брегалница, ФК Лустенау, Капфенберг и Мура.

Извор: Гол.мк