Досегашниот голман на Струга Трим Лум, Давор Талевски и официјално е нов член на поранешнот македонски првак Шкендија, откако тетовци денеска го промовираа за свое второ летно засилување.
Талески со Шкендија потпиша тригодишен договор и во „пет до 12“ дојде вобившиот првак, откако тргна на потпис за договор со стружани, но се премисли и заврши во Тетово, па сега само формално и официјално е потврден трансферот. Пред него, Шкендија го промовиаше Башким Велија за свое засилување, а дури шестмина фудбалери заминаа летово.
„Среќен сум што дојдов во Шкендија, желба на секој голман од Македонија е да игра во овој клуб. Ова е голем предизвик за мене, зашто Шкендија секоја година игра во Европа и тоа е шанса секојпат да ги покажете квалитетите и потенцијалот. Благодарност до раководството што ми укажаа ваква шанса, а јас можам да ветам дека ќе бидам максимално посветен“, рече Талески.
Тој сега ја засилува конкуренцијата на голот, каде веќе со години неприкосновен е екс-македонскиот репрезентативен чувар на мрежата Костадин Захов.