среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Јуве доведе замена за Роналдо, го врати Кин од Евертон!

ОФИЦИЈАЛНО: Јуве доведе замена за Роналдо, го врати Кин од Евертон!

Екипата на Јувентус го заврши барањето за нов напаѓач, кој ќе ја дополни празнината по заминувањето на Кристијано Роналдо. Старо-ново име во нападот на „старата-дама“ е Моизе Кин, кој пристигна од редовите на Евертон.

Младиот напаѓач не е во плановите на тимот од „Гудисон Парк“, но неговиот потенцијал и талент се неспорни и поради тоа беше позајмен во ПСЖ минатата сезона. Сега, Кин пристигна во Јувентус на позајмица со право на откуп, кој според најавите е поставен на околу 20 милиони евра, а ако се исполнат одредени услови ќе стане и задолжителен.

Кин беше член на Јуве од 2011 година, кога од младинските тимови на Торино прејде во ривалскиот табор. Во дресот на Јувентус, во 2019 година немаше доволно простор константно да игра и да се развива, па за сума од речиси 30 милиони евра прејде во Евертон.

Минатата сезона играше за ПСЖ, за кој постигна 17 погодоци во сите конкуренции, од кои 13 беа во Лига 1. Парижани не ја искористија опцијата да го откупат, а по доаѓањето на неколкуте ѕвезди во тимот, се решија да ги прекинат преговорите со Евертон. Така, Кин се враќа „дома“ и ќе има тешка задача да го надополни заминувањето на Кристијано Роналдо.