понеделник, 26. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Официјално: Ловрен премина во рускиот шампион

Официјално: Ловрен премина во рускиот шампион

Дефанзивецот Дејан Ловрен го направи својот трансфер од Ливерпул во Зенит, објавија двата клуба.

Договорот со неговиот нов тим е за следните три сезони. Финансиските детали за договорот не се објавени, но според информациите, рускиот шампион платил 11 милиони фунти за 31-годишниот играч.

Хрватскиот интернационалец мина 6 години на „Енфилд“, одигра 185 натпревари со 8 погодоци. Минатата сезона ја освои Лигата на шампионите со тимот, а оваа година – титулата во Англија.

Менаџерот Јирген Клоп и напаѓачот, Мохамед Салах, се збогуваа со Ловрен со видео пораки.

Тренерот истакна колку е важен дефанзивецот за тимот, додека Египќанецот, кој беше доста близок со него, рече дека многу ќе му недостасува неговиот сегашен соиграч.


(МИА)