И дефинитивно мечот меѓу Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија ќе се игра на теренот на „Куќата на фудбалот“ при Фудбалската федерација на Македонија.
Ова е последната вест која се доаѓа и е поврзана за дуелот кој е закажан за в четврток во рамките на 2. квалификациско коло во Конференциската лига.
Имаше многу информации за тоа дека натпреварот може да биде преместен надвор од македнската престолнина, медиумите од источниот сосед бараа да се игра во Ниш, потоа се појавија вести дека Струмица може да биде градот каде лавовите би се соочиле со ЦСКА за да на крајот биде потврдена првичната верзија, место за оваа битка закажана за 17:30 часот.
По една недела реваншот ќе се игра во Бугарија, а во случај избраниците на Бајрами да се изборат за триумф тогаш во третата рунда ќе се соочат со подобриот од Сент Патрик од Ирска и Мура од Словенија.
Другиот наш претставник во ова натпреварувње Шкендија пак ако во двомечот биде подобра од Валмиера потоа ќе оди на мегдан со победникот меѓу АИК (Шведска) и Ворскла (Украина).